Еднаш и се случи несреќа на мојата жена и мораше да ја прекине бременоста и да се подвргне на операција да би го отстранила мртвиот плод.

Ние бевме многу загрижени поради оваа, и го замолив отец Илиодор да се помоли за нас ожалостените родители.


Тој извика со голема тага: Зошто операција? Требаше да и помогнеш на женати и бебето ке преживееше!

Имаше такво уверување во неговите зборови да се задивив...


Пројде некое време. Еднаш отец Илиодор кога ја сретна мојата сопруга ја запраша:

Па Софија, очекуваме ли бебе?

А Софија  непосредно пред одење во Оптина направи тест на бременост и тој беше негативен. Таа одмавна со главата. А отец Илиодор кажа: Од некоја причина ми се пристори дека очекувате...


По некое време, мојата жена имаше многу силна болка во стомакот, и ја одведов на лекар.

Лекарот ја прегледа, направи ултразвук и кажа дека има комплицирана бременост.

Ја искара дека дошла во таква сериозна состојба, ја предупреди дека мора под итно да го острани плодот.


Тоа не удари како гром. Мојата жена заплака. Во некој момент се присетив на зборовите полни со уверение на отец Илиодор дека бебето ке преживее ако нашите молитви бидат на време.


Оваа претпоставка делуваше прилично невероватна, но ја извадив својата жена од болницата инаку не сакаа да ја пуштат.

Си дојдовме дома, и јас почнав да и помагам. Во исто време, почнавме да плачеме и се молевме како никогаш до сега во животот.


Болката во стомакот престана, температурата ја снема. Кога повторно отидовме кај лекарот, после прегледот на мојата жена, ни кажа дека детето е живо и здраво.


Господ направи вистинско чудо.

 Сакам да додадам, како никого не би завеле со оваа приказна дека чудото е чудо, неможеме да очекуваме дека ке се случи во секој случај на комплицирана бременост.


Наравно, постојат компликации во бременоста кои се опасни по животот на мајката и детето, прво што треба да направиме е да повикаме итна помош и да отидете во болница, а во Црквата можете да зборувате со својот духовник.

Но молитвата мора да ја прати секоја бременост, како и целиот наш живот воопшто тоа е сигурно.


Значи, мојата жена беше бремена, а отец Илиодор ја запраша:

Па, кога ке го родите својот син?

Кога човекот е духовно запален, тој ке ги запали сите околу себе со верата.


Софија му одговори, дека спрема резултатите на ултразвукот, таа очекува девојче. На што отец Илиодор и одговори:

-Ми се пристори дека тоа ке бидне син.

Како резултат на тоа, ни се роди син, кој го нарековме Илиодор. Сега е веќе трети месец.


Да не беше комуникацијата со отец Илиодор, тоа немаше да се случи. Ке немавме доволно вера и нашиот син не би се родил. А кога човекот е духовно запален, тој може да ги запали сите околу себе со својата вера.


отец Дмитриј Торшин


Comments