Еднаш старецот Гаврил мирно седеше во дворот на манастирот на една клупа. Му пријде една многу убава жена со нашминкани очи, и во панталони.

Седна до старецот го прегрна и му кажа: Отец Гаврил, како сте вие убав.Ми се допаѓате! И пак ќе ви дојдам...Стоевме вкочанети,несфаќајки што се случува.

Отец Гаврил како да беше вкочанет.

Мислевме дека некој намерно ја испрати оваа жена. Старецот долго ја слушаше и не ја прекинуваше,а потоа кажа: Дојди Маквала,пак дојди...

Кога слушна дека старецот ја викна по име, нагло рипна и потрча спрема влезот не свртувајќи се.

Мислевме дека ако Маквала се врати наредниот ден,дека ќе го повтори истото.

Маквала навистина се врати, но се случи чудо таа немаше ништо заедничко со онаа личност која доаѓаше вчера: носеше долга црна сукња, на главата имаше марама,од очите и течеа солзи.

Стоеше на влезот од ќелијата на отец Гаврил и со солзи повторуваше: Отец Гаврило,знам дека нема да ја отвориш вратата. Знам дека никогаш нема да те видам, опрости ми за мојата вчерашна бестидност.За се ти благодарам. 

Сите не зачуди оваа промена. Неможев веднаш се тоа да го примам, но сега јасно гледам дека старецот Гаврил направи невидливо чудо ја исцели оваа опседната жена.

Се сеќавам како тоа утро,уште пред да дојде Маквала,старецот неочекувано стана и замина во својата ќелија.

Нема сомнеж дека тој го предвиде нејзиното доаѓање и не сакаше да се сретне со неа, а во уочи на првата средба цела вечер никого не го примаше и се молеше пред иконата на Пресветата Богородица.








 

Comments