Еден млад човек дојде кај еден мудар Старец и рече:
Сакам моите духовни очи да се отворат за да го видам светот таков каков што е!
- И не се плашиш од тоа што ќе видиш? - праша старецот
- Не, не се плашам!
Старецот му ги допре очите и праша:
- Па, што гледаш сега?
Младиот човек погледна и рече: „ Ги гледам животните, како луѓе!
- И тоа е затоа што животните со своите постапки честопати постапуваат како луѓето!
Тогаш Старецот повторно ги допре очите на младичот и го праша:
- И сега, што гледаш?
Погледна наоколу и извика:
-Ги гледам, луѓето како животни!
И ова е затоа што луѓето честопати се однесуваат како животни, а вие ги гледавте како луѓе додека не ви се исчисти погледот!“
- Но, навистина е страшно тоа да се гледа, старче! Кажи ми како го гледаш тоа?
- Сите ги гледам како мои деца, сине! одговори старецот.
- И кои се тие очи, старче?
- Тоа се очите на љубовта, сине, но мора да ги добиеш сам!
Очите гледаат сè, срцето сфаќа сè и само Љубовта издржува сè.
монах Симеон Атонски

Comments
Post a Comment
Напиши коментар