Кога ќе умрете, не грижете се за своето тело...

Вашите блиски ќе го направат се онаа што е потребно,спрема своите можности...


Ќе ви ја соблечат облеката,

ќе ве измијат,

ќе ве облечат.

Ќе ве изнесат од домот,и ќе ве однесат на нова адреса.


Многумина ќе дојдат на вашиот погреб да ви одадат почит.Некои ќе ги откажат обврските, дури некој нема да отидат на работа, само да дојдат на вашиот погреб.


Вашите работи,онаа што не сте сакале да го позајмувате, ќе бидат продадени,поклонети или запалени...


Вашите клучеви и алат,

вашите книги и плочи,

вашите кондури и облека...


И бидете сигурни дека светот нема да застане и да плаче по вас. Светот ќе продолжи.На вашата работа ќе ве заменат. Некој со исти или подобри вештини ќе го зазеде вашето место. Вашиот имот ќе отиде кај наследниците...


И не се сомневајте дека нема да ве цитираат,да ве осудуваат,да ве преиспитуваат и критикуваат,поради малите, а и големите работи,кои сте ги направиле во животот 


Луѓето кои само ве познаваа по лик,и од видување,ќе кажат: Сиромав човек!


Искрените пријатели ќе плачат неколку часови, или неколку денови, но потоа пак ќе продолжат да се смеат.


Вашите домашни миленици ќе се навикнат на новиот власник


Вашите фотографии некое време ќе бидат закачени на ѕидот или ќе стојат на некој мебел, на некоја комода, а потоа ќе бидат ставени на дното од некоја фиока.


Некој друг ќе седи на вашиот кревет и ќе јаде на вашата маса.


Длабоката болка во вашиот дом ќе потрае недела-две,можеби месец два или година две...И тогаш ќе ве стават на списокот на спомените и вашата приказна ќе биде готова.


Завршена помеѓу луѓето,тука завршена,завршена на овој свет...


Но вашата нова приказна ќе започне во вашата нова реалност...во вашиот живот после смрта.


Во вашиот нов живот нема да можете да ги понесете работите кои ги имавте тука,зошто со вашето заминување,тие ќе ја загубат вредноста која ја имаа...


Тело и убавина...

Презиме,статус,функција и титула.. 

Жиро сметки,кредити,автомобили,куќи...

Хоби,дипломи,трофеи,медали...

Пријатели и посетени места...

Брачен другар и семејство...


Во новиот живот ќе ви треба само духот.

И богатството на духот кое овде го собравте ќе стане единствена среќа на која ќе можете да сметате.Таа среќа е единствена работа која ќе ја земете и творите додека сте тука, за подоцна.

Ако сте живееле со полн живот полн со љубов и мир спрема другите, си створивте свое духовно богатство. Анонимно.


Затоа,пробајте да живеете исполнето и бидете среќни додека сте тука,зошто како кажува Фрањо Асишки: Од овдека нема да можете да го понесете онаа што го поседувате. Ќе го понесете само онаа што сте го давале.



Извор: Интернет

Comments