Мамо, знаеш ли што ми кажа Свети Нектариј? Дете мое, јас, те оперирав!
Моето име е Адриана Фаркас и јас сум од Тиргу. Сакам да ви го дадам оваа мое сведочење. Јован Касијан е роден на 27 јануари 2009 год.
Бебето во мојот стомак беше превртено наопаку, поради што докторот еден месец пред да се породам ми кажа дека треба да ми направи царски рез.
Детето е родено со ретка кожна болест, болест на рибина кожа( болест со карактеристика на сува и љускава кожа,како луски од риба).
Тоа е ретка болест со шанса да заболи еден од тристаилјади родени.Нашето бебе беше со рани по целото тело.Меѓутоа,, ништо не е случајно, нашето бебе да се родеше без царски рез, сета кожа би му се скинала од туркањето.
Докторите во почеток незнаеа каква болест има.
Пребаруваа по компјутерот и во медицинската документација, никогаш порано не виделе ваква болест.
Мојот маж, нашите родители, беа многу шокирани кога видоа какво е бебето.
Бевме многу вознемирени, срцето ни беше скршено.
Докторот кој го познававме ни кажа дека детето неможе да преживее.Докторите бебето го мачкаа со сите врсти на креми и го ставија на интезивна нега. Меѓутоа бебе доби некоја зараза.
Седмиот ден по раѓањето доби грозница.Доби сепса, и повторно му даваа антибиотици низ пупчаната вена, но температурата не му се намалуваше.
Пет или шест дена имаше температура со грозница. Нашите молитви продолжија.
Ги замолив сите што ги познавам да се молат.
Се молеше и нашиот духовен татко. Имав Крст и го ставив преку инкубаторот.
Десет дена после раѓањето на детето, Бог ги слушна молитвите и ме повикаа во интезивната нега, да отидам да го подојам. Не отпуштија од болница после 23 дена. Неможев да замислам како да облечам оваа дете.Раните беа очистени, и кожата очистена.
Откако се вративме дома, детето од ден на ден стануваше се подобро и подобро.
Јован Касијан беше крстен на четириесетиот ден од своето раѓање, а јас секоја недела одев во Црква на Литургија.
Детето вака раснеше: Црква, Света Причест. Отидовме да му се заблагодариме на Бога за помошта во многу манастири и во манастирот на Свети Јован Касијан Римјанин.
Но работите после тоа не одеа како што треба. Вториот тест кој следуваше за година дена покажа дека Јован боледуваше од запаление на плуќата.
Го одведовме во болница кај педијатарот кој му дијагнозираше и здебелена слезенка.
Му направија тестирање кои покажаа дека има анемија. Не испратија во Клуж, каде постои специјална клиника за оваа област.
Направија ултра звук и дијагнозата беше дека има хемангиом, венска хипертензија и тромбоза во порталната вена.
Детето имаше само една година и три месеци,му беше потребен доплер ултразвук на порталната вена да се види дали докторите можат да направат операција во тоа време.
Ултразвукот покажа дека е пронајдена ресекцијата и нема збор за операција.
Не изпратија дома без никакво лечење.
Детето сеуште беше на посматрање...
Мојот маж многу се молеше. Тој е многу голем верник и ретко ќе најдете мажи како се молат, како што тој се молеше за нашето дете, како што тој се молеше за нашето дете, од неговото раѓање.
Младите луѓе пред венчањето треба да размислат за тоа дека во еден момент личноста која ќе ја изберат за свој сопатник ќе се најде во тешки ситуација во кои, ако нема вера, малко веројатно дека ќе продолжат како што треба.
Јован Касијан сега живеше со нормален живот, но под медицински надзор се до едно утро кога поврати крв.
А тоа беше на 3 ноември 2014 год. Не се испаничи иаку имаше шест години.
Го одведов во болница и му ставија катетер, му направија ендоскопија на дигестивниот систем.
На камерата се појави дека проширената вена крвари. Видов и јас. Итно не испратија во друга болница во Клуж на операција. Животот му беше во опасност.
Додека бев во болницата се молев на колена. Не се грижев дали некој ме гледа.
Му се јавив на мојот духовен отец да се моли, го повикав и мојот школски другар кој беше игумен во еден манастир во Ерусалим!
Барав помош од сите Свети! Многу пати Светителите ја менуваа работата на начин кој ние неможе да го замислиме.
Стигнавме во болница касно навечер, околу 23 часот. Владееше апсолутна тишина. Таму беа три доктори. Не чекаа и го одведоа Јован Касијан право во салата за операции.
Тогаш се појави еден доктор со еден формулар во рацете. Ни кажа: Знаете дека крварењето може или неможе да престане.
Тогаш не фати паника, зошто до тогаш не сфаќавме дека опасноста беше толку голема.Мораше да биде интубиран како не би повратил во тек на операцијата.
Кога операцијата започна, бевме пред салата.Клекнавме и почнавме да се молиме на сите Свети чии икони ги имавме во својата куќа: на Пресветата Богородица, Свети Нектариј Егински, Светите Архангели, Света Петка. Се помоливме сите Свети да ни помогнат, да застанат покрај докторите нивната рака да стане рака на докторите да го направат онаа што е исправно, да го спасат нашето дете.
Имаше моменти кога се почуствувавме како да се полудени.
Операцијата беше успешна, но проблемот не беше решен. Но тоа беше привремено олеснување.
Во декември 2014 год. направивме ЦТ ангиографија - неинвазивна метода со помош на ренгенските зраци, со кои беа снимени деталните слики на садовите и потврдена тромбоза.
Резултарите му ги покажавме на нашиот хирург професор Константин Кицеу, доктор кој требаше да го оперира, а тој ни кажа дека операцијата не е игра и дека треба да го оперира за да види што се случува.
Истотака се покрена прашањето за вадење на слезенката зошто ги уништува тромбоцитите.
Започнавме да се молиме, и заминавме во Букурешт во манастирот Раду Вода кај моштите на Свети Нектариј Егински.
Го испратив неговото име во преку дваесет манастири за да го спомнат неговото име во нивните молитви. Што повеќе луѓе се молат за некого, се здобива со поголема сила.
Кога сте на ивица на трпението, во огин на тагата, голема работа е да ја почуствувате подршката на оние кои се молат за вашиот проблем. Детето беше слабо за своите години, имаше само 17 килограми.
Беше многу тешко да се преживее таква тешка операција. За операцијата бевме закажани за 3 февруари 2015 година.
Продолживме со молитви. Секако и постевме. Детето се молеше секоја ноќ.
Со тек на времето, детето кое има проблеми научи да зборува со Бога и со Светителите и можеби е поуспешно од здравото дете кое нема проблеми и него запозна Христа...
Нашиот духовен татко отец Нектариј од манастирот Река, каде постои мал дел од моштите на Свети Нектариј Егински, му кажа на детето да се моли на следниот начин:Свети Нектарије, ако треба да ме оперираат, ти дозволувам да ме оперираш.Ако неможат тоа да го направат докторите ти направи го самиот.
Меѓутоа, целото оваа време имав моменти кога психички паднав.
Плачев кога го испраќав Јован Касијан во манастирите на молитва.
Нашето дете се причествува од малите нозе и се моли. Понекогаш Литургиите траат долго, но тој тивко се молеше, не гледајќи никого околу себе.
Изгледаше како зрел човек кога свештеникот зборуваше со него. И си мислев: Господи,помилувај го. Погледни го јадникот кој стои, помогни му оваа да го преброди. Оваа дете е толку болно.
Една лекција која ме научи беше дека често повеќе сакаме отколку ги разбираме животните искушенија на соодветен начин.
Старецот ни зборуваше дека сакаме да го ставиме нашиот крст на кревет и да си легнеме.Но неможеме да ја избегнеме болката, сите лекции ги учиме од болка.
Детето секоја вечер ги завршуваше своите молитви со зборовите: Свети Нектариј, ако треба да ме оперираат, мораш ти самиот да оперираш.
Една ноќ за време на Велигденскиот пост пред Воскресение, бидејќи се помоли на Свети Нектариј, ми кажа:
- Мамо, дали знаеш што ми кажа Свети Нектариј? Дете мое, јас те оперирав!
Го прашав дали го виде Свети Нектариј?
- Не мамо.Тој ми шепна на увото!
После два-три дена,после молитвата,ми го кажа истото, дека Свети Нектариј го оперирал.
Не знаевме во што да веруваме, зошто понекогаш децата имаат преголема фантазија. Му кажавме на својот духовен отец и тој го одведе да се исповеда.
Неговиот исповедник не увери дека детето ја зборува вистината. Ние го видовме Свети Нектариј на телевизија, кога гледавме емисија за Свети Нектариј и за неговите чуда во манастирот Раду Вода каде се наоѓат дел од неговите мошти во Букурешт.
Ја прочитав книгата ,,Свети Нектариј - чудата во Румунија и ,,Животот на Свети Нектариј".
Ме воодушевија приказните на луѓето за Светителите. Од новември 2014,секој ден ја читам
молитвата кон Пресветата Богородица и молитвата на Свети Нектариј.
Секогаш го читав Псалтирот. Сите родители морат да сфатат колку е важно да се молат за своите деца. А ако исцелението не дојде, тоа значи дека Бог не ги слушна нивните молитви и да продолжат да се молат.
Кога детето ни кажа дека Свети Нектариј го оперирал, му кажав дека треба да отидеме на уште еден контролен преглед.
Му се јавивме на педијатарот во Клуж и тој ни кажа дека треба да направиме ендоскопија да видиме во каква состојба се проширените вени. Кога помина низ интроспекција, видовме на екранот.
Докторот ни кажа дека се е чисто и дека нема веќе проширена вена. Во меѓувреме слезенката се намалуваше, и веќе не стануваше збор за операција.Навистина, Свети Нектариј го оперираше! На Касијан му се случи големо чудо...
Тогаш детето ми кажа: Видели сега мамо дека не те лажев? Им се јавивме на бабите и на дедовците да им ги кажеме убавите вести.Навистина Свети Нектариј го оперираше. Од медицинска точка на гледиштето,овие проширени вени неможат да исчезнат.
Отидовме во друга болница, таму го прегледа дежурниот доктор, кој ни кажа:Вените кои беа проширени сега ги нема.
Исто ни кажа докторот во Клуж кој му правеше ендоноскопија: Кажете ми што направивте, имаме деца со иста дијагноза но проширените вени не исчезнуваат.
На болните деца како што беше Јован Касијан, кои се на посматрање им се дава лекот пропранолол, но дури и со овој лек проширените вени не исчезнуваат.Секако сите ние видовме на екранот дека ги нема. Веќе не постоеја.
Каменот ни падна од срце. Живеевме во чудо. После две недели дознавме дека се организира група на поклонение кај Свети Нектариј во Грција.
Одлучивме да заминеме и ние. Да му заблагодариме на Свети Нектариј. Касијан беше единственото дете.
Иаку патот беше долг и напорен не се чувствувавме уморно, Касијан не се жалеше дека е уморен или дека му досадно. Пееше песни со останатите во автобусот и насекаде се однесуваше дека е возрасен човек.
Тој во автобусот им кажуваше на сите дека имавме пари спремни за операција и дека до тие пари појдовме во Грција да се поклониме на Свети Нектариј.
Како испаднаа работите... Во каква ситуација бевме и како ми помогна Свети Нектариј! Божја рака.
Невероватно.
Заклучно можам само да кажам: Големи се и прекрасни се Твоите дела Господи, Ти благодарам.
Откако возилото на итната помош го одвезе Касијан во Клуж, секогаш кога ќе види такво возило се молеше: Господи, помогни му на оној кој е во тоа возило.
Татко му на Јован Касијан, Јован Фаркас, кажува дека на целата оваа мака ја здоби верата: Започнав, дури и повеќе да верувам дека без Бога неможеме апсолутно ништо да направиме во овој живот.
Како што кажува и Евангелието дека ниту едно влакно нема да ни падне од глава без Божјата воља. Мислевме дека тоа се приказни. Но не е така.
Додека беше болно детето, Јован патуваше во Грција на Егина да се помоли кај Светителот.
Ја зедов сликата од Касијан со себе и заминав кај Свети Нектариј во Егина. Беше како на сон во манастирот, Божја убавина.
Таму сретнав една монахиња, од нашите краеви, од Брашов. Зборував за неа за Касијан.
Ја оставив слика на Касијан на гробот на Свети Нектариј. Истотака имав слика на која е болен и со лошата состојба на кожата.
Му се молев: Свети Нектариј, погледај го.Те молам да му помогнеш да го излечиш.Со помош на молитвата можеме да почуствуваме дека Бог не слуша. Ако со целата душа кажете ,,Оче наш", Бог нема да ве остави без одговор.
Кога се вратив, и кажав на сопругата како е убава и колку се убави нашите деца. Продолжив да одам во манастирите. Верата е потребна заедно со докторите. А докторот без Бога ништо неможе да направи. Некои доктори тоа го препознаваат, другите не, и веруваат само на науката.
Отец Нектариј од манастирот Река,духовен отец на нашето семејство, човекот кој го исповедуваше Јован Касијан, сведочеше:
Кога оваа го слушнав, веднаш поверував.
Кога слушнав дека Светителот му зборува: Чедо мое, јас те оперирав, не се сомневав.
Истотака Јован Тутекан од парохијата Моресени, свештеник кој го крсти Јован Касијан го раскажа своето сведочење:
Неговото тело беше полно со крвави рани.
Им кажав: Да го Крстиме, Крштевањето е една од Светите тајни и ќе му помогне.
Не губете храброст. Доведете го во Црквата.
Од тогаш Јован Касијан безбедно патува од Румунија во Грција. Оди со своето семејство на денот на празникот на Свети Нектариј Егински , да се сретне со оној кој го оперираше само со скалперот на љубовта.
Од овој рез не остана никаков белег, ниту остана никаков знак да се сеќава на неговата болест.За љубовта не треба потсетници. Таа е секогаш тука, жива и тивка, гласно молчи како Бог.
Софија Хаџи


Comments
Post a Comment
Напиши коментар