Крстот на тужителот
Во паузата на сослушувањето на едно од последните големи судски процеси, тужителот Либерис Папандреу,кога го здогледа Крстот на мојот врат, ми го покажа својот Крст и ми го раскажа следново:
Овој Крст ми го спаси животот. Без него ќе бев мртов во 1943 год.Беше тоа време кога секој ќе доспееше во рацете на Германците не би преживејал, туку би бил испратен право на гробишта.
Во тоа време и мене ме уапсија. Бев оптужен од страна на висок функционер на општината Пиреј и од градоначалникот дека сум главен комунист и дека ме апсат поради злоупотреба на храната.
Ја негирав целата вина и тоа ги разбесни моите истражители.
Поради тоа бев одведен на мачење.
Третиот ден од моето мачење ме уведоа во една голема соба. Беше тоа пекол на земјата.
Во собата влегоа петмина големи мачители, и секој од нив ја искалуваше целата своја сила на мене. Чувствував дека пополека умирам.
Бев мачен и од самиот тужител.
Во момент на бес,ги стави своите раце на мојот врат и започна да ме дави.Чувствував дека ќе умрам од гушење.
Ја употребив целата своја сила и се ослободив од неговите раце. Веднаш ја искидав својата кошула за да можам да дишам.Во тој момент не мислев за тоа што го правам.
Приметив тогаш дека мојот мачител пребледел. Стана бел,побел од ѕид во собата. Проба да ги подигне своите раце, но не успеваше во тоа.
Започна да плаче...Да,плачеше како уплашено дете. Ми пријде, се навали на моите груди и го бакна овој овде Крст.
Неможев да поверувам во онаа што го видов со сопствените очи.
Ми кажа да му донесам една чаша вода. Со неа во рацете кои сега можеа да се движат,ги изми моите рани и ме седна на една столица да се окрепам.
Тогаш тој отиде да ги повика своите колеги, на кои им го раскажа следново:
Во моментот кога овој човек ја раскопча својата кошула, од овој мал Крст засвети една молња.Пред моите очи се оформи зборот ,,Најн". Сега кога се освестив,господо, можам да кажам дека Бог е блиску до оние кои веруваат.
Тогаш ми пријде и ми кажа: Ќе те замолам да ми го дадеш овој Крст, како би ме штитил.Не од смрта, зошто јас не се плашам од смрта. Но јас не сум вреден;Во Бога не верувам како тебе. Зошто, кога би верувал...и тука замолчи.
Така, сакан мој,Крстот ме спаси од сигурна смрт,благодарејќи на мојата вера,ми кажа тужителот Либерис Папандреу.

Comments
Post a Comment
Напиши коментар