Многумина се излажани,од своето крајно незнаење,мислејќи дека не се случува злото произлезено од природните причини: поплави,земјотреси,неуспешни сеидби,високи цени на храната,неповолни временски услови,општи болести и ненадејна смрт по Божјата воља,зошто таквите несреќо воглавно немаат директна врска со гревовите.
Тие истотака мислат дека сите злонамерни постапки кои произлегуваат од незаконските човечки постапки,од невистината како што се: навредливи зборови,исмевања,измама и фалсикување,кражби,навреди,убиства итн, се случуваат без Божјата воља и Неговата промисла, но само поради човечката злоба и искварената човечка воља, која самата им го нанесува на своите ближни целото зло.
И поради тоа, не само во минатото,одамна,туку и во сегашноста,често се чујат поплаки:
Осиромашување во храната и на неопходните средства за живот не е дојдено од Бога туку од алчноста.
Овие жалби се поплаки од луѓето који не го познаваат и не се плашат од Бога,овие поплаки се на недостојните Христијани.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар