Најубавите луѓе кои ги сретнав и кои никогаш нема да ги заборавам во животот, пустината ги зграби а молитвата ги проголта. Благородни и непоколебливи луѓе ја мразеа славата и од светот се отргнаа.
Истовремено овој систем, непријатен,иритирачки и пореметен ги исфрли од својот двор за да останат најубави на светот.
Нивните срца беа исполнети со натприродна мудрост, способни да ја осветлат темнината на илјадници луѓе и да им ја утешат болката на многу скршени и увенати луѓе.
Нивниот штит не беше од челик, нивните усни неирекуваат изјави, нивниот чекор не се лизна во бездната на впечатоците, нередот и луксуз на излогот не го испишаа нивниот дух.
Нивната душа не беше ништо друго туку голем извор на прекрасното искуство и непогрешливо Христијанство, кое никогаш неможе да го сфати задоволниот свет кој во својата плиткост и немоќ ја направи секоја духовна работа кревка.
Здивот на овие небески луѓе беше толку врзан со повикување на Божјото име, со најдлабокиот живот на Божествената Литургија, насекаде да ширеја милост, моќ и сјај на бесмртноста.
Нивните скромни чекори, изгубени во дождот и во ветерот и во снегот и во топлината на пустината,врежаа патеки тесни и единствен пат за сите нас.
Тие го избришаа својот пат и своето место, сакајки да го забележат мачеништвото и желбите на своето срце, својот таен и мачен живот во седмозапечетената книга на сезнајниот Бог.
Луѓето спијат.
Така научија и сакаат да спијат.
Или со таблетки за спиење или со теорији и фантазии кои се повеќе го лишуваат од неговата рамнотежа,искри,свест и продлабочување.
Непријателот со жолчни верски оправданија и теолошки изговори, прави се никој да не ја поквари оваа масовна дрога. Затоа кој и да се разбуди, започнува да живее подобро, позначајно, автентично.
Некои Христијани,меѓутоа,останаа навистина ненаспиени и немирни.
И на срдечен начин на својата убава состојба, тие стојат за нас како светилници во нашите темни ноќи, во морињата на нашите искушенија, во темнината на нашите страсти, во долината на нашите маки.
Вреди само на момент,на момент, на момент да најпосле го напуштиме нашиот сладок и смртоносен сон, многу брзо да станеме и да , преку нашето постоење, им го испратиме своето, најискрено и вистинито ,,Ви благодарам".
Светот, иаку тоа никогаш нема да го сфати,адекватно и правилно, благодарение на овие луѓе на Милоста, и понатаму има стабилност, континуитет,смисол,материја и живот...
Comments
Post a Comment
Напиши коментар