Отидов во ,,Божјата болница" на преглед и ми пронајдоа дека сум сериозно болен!
Кога ми го измерија ,,притисокот" ,видоа дека имам низок индекс на чувствителност и кога ми ја измерија ,,температурата" видоа дека стресот ми достигна 40 степени...
Кога ми направија ЕКГ,дијагнозата ми беше дека треба да ми направат,,бајпас" на љубовта,бидејќи самотијата ми ја блокирала артеријата и срцето ми беше празно.
Бев и кај ортопед, зошто неможев да чекорам покрај братми.Покрај тоа, неможев ниту да го прегрнам зошто рамењата ми беа парализирани од падот кој предизвика љубомора...
Истотака утврдија дека сум кратковид...Неможев да гледам подалеку од несовршеноста на моите браќа.
Кога се пожалив дека ме болат ушите,ми кажаа дека тоа е зошто престанав секојдневно да го слушам Божјиот Глас низ страниците на Светото Писмо.
Дијагнозата беше јасна.Итно ми требаа некои природни лекови...
Секое утро: чаша полна со благодарност.Што ќе ја принесам на Бога за сета Негова грижа за мене?
Ќе добијам чаша на големо спасение и ќе го повикувам Неговото име.
Пред работа: добра доза на молитва за душевен мир. Не грижете се ни за било што, но во се со молитва и молење, заедно со благодарност, нека вашите чувства се принесат на Бога, а мирот Божји кој владее над секоја мисла ќе ги чува вашите срца и вашите мисли низ Христа (Фил.4: 6-7).
Секој час "таблетка" на трпение и понизност и лажица на братството...
Потоа дома: силна доза на ЉУБОВТА. Кој сака...роден е од Бога...зошто Бог е љубов (1Јов.4: 7-8).
Пред спиење: две ,,таблетки" на чиста совест.Самоуверени дека имаме чиста совест,зошто сакаме да бидеме искрени во се (Јев. 13:18).
Надежта кој ни ја дава Бог ни помага во борбата против депресијата: Самиот Господ Исус Христос и нашиот Бог и Отец, кој не сака и ни даде вечна утеха и надеж во Небеските работи (2 Сол.2:2-16).
Божјата намера за нас е Совршена. Окото не виде,ниту увото не слушна,ниту човечкото срце не го зеде онаа што Бог го припреми за оние кои го љубат (1.Кор.2:9).
Нека ни Бог даде:
За секоја животна бура и виножито.
За секоја солза,насмевка.
За секое искушение,ветување и сила.
За секој проблем, добар пријател кој ќе не подржи...
За секоја воздишка,слатка мелодија и одговор на секоја молитва (1Јов.5:14-15).
Молете се едни за други.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар