•
•
прегледи
•
... минути читање
Еден уметник сакаше да пронајде и да го нацрта наубавото нешто на земјата.
Го праша свештеникот што е најдобро на земјата.
Верата му одговори.Тоа е најголемото богатство во животот.
Го праша земјоделецот.
Надежта му одговори. Ако ни недостасува,ни недостасува секоја животно создание.
Го праша сиромашниот работник.
Љубовта му одговори.Со неа ги надминав сите страданија.
Верата,Надежта,Љубовта мислеше уметникот.Но како можам да ги насликам сите овие три заедно?
Влегувајќи во својата куќа остана зачуден пред живата слика: Неговите родители,неговата жена,неговите деца!
На челото на своите родители ја виде верата.
Во насмевката на своите деца надежта.
Љубовта сјаеше од очите на неговата жена.
Срцето му заигра.
Еве ја најубавата работа на земјата! Оваа ќе го насликам.
И тоа не беше ништо друго туку неговата семејна куќа.
Едноставна среќна куќа во која владее верата,надежта и љубовта!
Comments
Post a Comment
Напиши коментар