Онаа што го нарекуваме Божја благодат, онаа што го нарекуваме Христов допир на нашата душа, тоа е плод на Светиот Дух. Плодот на светиот дух е полн со солзи.
За овој дар ни пишува Светото Писмо, затоа што овој скриен и неочекуван дар избива како извор и доаѓа од Бога по Неговата волја, и со тоа не изненадува Бог.
Светиот дух има полно дарови, не само овој, Тој има бесконечни дарови: Боженствено значење, прекрасни мисли, единствени доживувања, Божествен сјај околу нас, Христовата благодат, солзи, многу тоа ни дава.
Дали ја имаме оваа солза? Ако ја имаме, имаме и надеж дека ке бидеме во рајот.
Прекрасна е оваа солза која се тркала и Бог ја зема, ја зема и нашиот ангел, а ти мислиш дека нестанува. Бог ја зема и ја носи во рајот, каде таа се претвара во дијамант. И ангелите на небото изненадно гледаат голема светлина и му велат на Бога:
- Што е оваа што засвети, што сјае помеѓу нас на оваа свето собрание? Што толку силно светли денес, Господе?
А тој им одговара:
- Тоа е солза на еден човек кој се кае: едно Мое чедо се покајало. Еден Мој човек денес плачеше, горко плачеше. Ги земав неговите солзи и ги претворив во дијаманти кои ке го чекаат како би го украсиле неговиот венец кога ке дојде во Моето Царство.
Овие дијаманти ке ни створат убавина.
Тогаш овие солзи ке ја украсат нашата душа и во нас повеќе нема да има солзи - идјеже њест болезан, ни печал, ни воздиханије, но жизан бесконечнаја. Бесконечен живот.
Но за тоа треба да постои солза, барем една солза.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар