Сведоци сме на модерниот тренд на изопаченоста која има се повеќе поклоници, млади, здрави прави момци, девојки па дури и постари луѓе,кои прибегнуваат кон скрнавење на телото дадено од Бога без здравствена причина, ги полнат усните и градите со неприродни материјали, ставаат пирсинзи на недоличните места,секој дел на телото е неприличен зошто со тоа не сме родени, го тетовираат телото со демонски слики.
Потоа изгледаат како демони од пеколот и ако се верници, а се како би биле "ИН" и привлечни на околината, под паролата мое тело и мое право да правам со него што сакам.
Кого тоа тело го привлекува очигледно нема ни телесен а што па да кажеме за духовен вид.
При тоа е кажано: тешко на оној од кој доаѓа соблазна,да се запрашаме каков пример даваме на луѓето кои не приметуваат, дали ги наведуваме да постапат како нас, така ке дадеме одговор пред Бога и за тие души и влијание кое го извршивме на нив.
Сфаќајки дека се поголем број на луѓето не сакаат да се откажат од влијанието на телевизијата,и се што се наметнува како тренд а се сметаат себеси како интелигентни суштества, додека заправо се изманипулирани овци во стадото на глобализмот.
Некои од добри намери и искрена вера тетовираат крст и ликови на Светителите мислејки дека тоа ке ги заштити и дека е благословено,треба да се покајат и да се исповедат, Бог е милостив и простува но не треба да се одложува покајанието и исповеста.
Што помалку сме модерни се помалку имаме пријатели, но најбитно е да го имаме Бога.
Луѓето се дрзнаа да го исправуваат Божјото дело да постанат подобни, се под паролата "да живееме како целиот нормален свет".
Comments
Post a Comment
Напиши коментар