Од сон станат Ти благодарам, Света Троице,

зашто заради Твојата голема добрина

и долготрпение
не се прогневи на мене, мрзливиот и грешниот,
ниту ме погуби со беззаконијата мои; туку
го покажа Своето вообичаено човекољубие
и ме подигна мене, во очајание паднатиот,
за да Ти утренувам и
да ја славословам крепоста Твоја.
Просветли ги сега духовните очи мои,
отвори ја устата моја
да се поучува од зборовите Твои
и да ги разбере заповедите Твои
и волјата Твоја да ја твори,
да Те пее во срдечно исповедање
и да го воспева Твоето Сесвето име,
на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.

Дојдете да Му се поклониме на
Царот, нашиот Бог.

Дојдете да Му се поклониме
и да припаднеме кон Христа,
Царот нашиот Бог.




Comments