Старецот му кажа на својот послушник:

Кога ќе видиш човек да се дави во живиот песок, не давај му ја раката, туку стапот.

Послушникот зачудено запраша: Зошто стап? А старецот му одговори: Ако навистина сака да се спаси, ќе се фати за стапот како давеникот за сламка.

А ако не сака да се спаси, ќе посака и тебе да те повлече со себе, но нема да може,зошто не му подаде рака. Синко мој, прво погледај дали човекот сака да се спаси, па дури тогаш му подај рака, инаку и тебе ќе те повлече со себе.


Свети Пајсиј Светогорец

Comments