Како што си се наоружал и се бориш против една страст, така се наоружај и против другите и не дозволувај да те победат.

Како што се бориш против блудната похот и не и дозволуваш да те победи, така се бори и се тепај со гордоста,бори се со високоумнието, бори се со суетата,бори се со гневот,бесот и злопамтието, бори се со среброљубието и скржавоста,бори се со омразата и со зависта итн.

Како што својот стомак го воздржуваш од прејадување и пијанство, така и својот јазикот воздржувај го од клеветење и осуда, празнословие,богохулење.

Како што рацете свои ги воздржуваш од убиства,крадење,грабање, така ги воздржи и од тепање.

Како што постиш со храна и пиење, така пости и кога е некакво зло во прашање. Тоа е Христијански пост!

 Тоа е вистинско воздржување. Тежок е тоа подвиг, но тоа е Христијанска должност. 

Мнозина ги победуваат луѓето,државите и градовите, но себе не сакаат да се победат. Христијанска е победа - да се победиш самиот себе, тоест својот плот да го победиш!

Што повеќе војникот во борба учествува и против непријателот се бори, тој биднува се поискусен и похрабар.

Така и Христијанинот, што повеќе се бори и со благодата Христова победува, од час во час постанува подобар.

 Зошто, Господ, го гледа неговиот напор, труд и подвиг, со Својата милост му укажува и го исправува, го ослободува од ропството кон страстите, го прави добро дрво кое дава само добри плодови.



Свети Тихон Задонски

Comments