Во својот ум или срце не би требало да имаме дури ниту една помисла, ниту добра, ниту лоша, зашто тоа место во нас ѝ припаѓа на божествената благодат.

Наша обврска е срцето да го сочуваме чисто, не само од помисли, туку и од најблагото и најнедоловливото колебање на духот. Тоа можеме да го постигнеме само ако огнено Го љубиме Христос и непоколебливо веруваме во Него. Со тоа ќе стекнеме смиреноумие и божествената благодат ќе се обнови во нас, зашто таа им се дава само на смирените: „Бог им се противи на гордите, а на смирените им дава благодат".



Свети Пајсиј Светогорец

Comments