Што е поубаво од душевниот мир и физичкото здравје? И двете го прават животот на една личност пријатен. Меѓутоа, ако недостасува едното или другото, се крева страшна бура и бродот на човечката душа се фрла среде бесните бранови.Колку молитви потоа се возвишуваат! И Господ, живеејќи на земјата, наиде на страшна бура: „И стана, го прекори ветерот и му рече на морето: Замолчи, престани! И настана голема тишина(Мк. 4:39). Дете мое, да го повикаме миротворецот Господ и Владиката секогаш кога ментална бура ќе не обземе. Верувам дека кога ќе го повикаме со вера, Тој ќе побрза да ни помогне и ќе каже: „Еве, јас сум тука!“
Comments
Post a Comment
Напиши коментар