Сјајна и поучна приказна од Киево-Печерската лавра за,Светиот Тит и ѓаконот Евагриј!
Свети Тит е роден во Русија и својата молитва ја практикуваше во Киево-Печеската лавра.Неговиот свештенички живот беше теофилски и евангелски,додека љубовта спрема своите браќа му беше несебична и искрена.
Во Лаврата тогаш живееше и ѓаконот по името Евагриј. Бездушниот ѓавол,кој секогаш сее коров, посеа и непријателство помеѓу Светиот Тит и ѓаконот Евагриј.
И додека во почетокот гаеја длабока меѓусебна љубов, сега не сакаа ниту да се видат.
Нивниот помеѓусебен бес и нервоза толку ги помрачија,кога едниот од нив беше во Храмот другиот си заминуваше.А да не заминеше,првиот би поминал покрај него без да го погледне.
Внесени во таква емпатија,двајцата браќа се осудија да работат и да принесуваат Свети Дарови и Литургија,заборавајќи ја Господовата заповед која кажува: Ако принесуваш дар на Олтарот запомни ако твојот брат има нешти против тебе,остави ги својот дар пред Олтарот и оди,прво помири се со својот брат,а потоа принеси го својот дар.
Свети Тит еднаш многу се разболе. Беше дури и на ивица од смрта кога еднаш започна да плаче и тагува за својот грев.
Веднаш побара од монасите да го повикат ѓаконот Евгариј да му опрости. Но тој не само што одби да му опрости на својот брат кој умираше туку започна и да го пцуе.
Го фатија и на сила го доведоа кај Светиот Тит да се помират. Кога го здогледа Светиот Тит, со тешкотија стана и го молеше плачејќи да го благослови.
Немилосрдниот Евгариј немилосрдно се однесуваше пред старецот и пред сите изјавуваше дека никогаш нема да се помири со него ниту во овој живот ниту во следниот.Но немаше време да го заврши муабетот и падна!
Браќата потрчаа кон него, но видоа дека е мртов.
Неговото тело беше смрзнато како мермер. Во исто време Свети Тит стана, потполно здрав, како никогаш да не бил болен.
Со ужас и стравопочитување сите се соочија со смрта на осветољубивиот Евгариј и со чудесното исцеление на Светиот Тит, после оваа шокантно искуство, засекогаш од својот живот го отстрани не само надворешниот бес,туку и секоја злобна мисла за било кој од браќата, се до денот кога мирно заспа во Бога и го предаде својот дух на Бога.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар