ТАТО, ТОА Е ОН! - ЕДНО СОВРЕМЕНО ЧУДО НА СВЕТИ НИКОЛА


Оваа приказна со мене ја сподели, своевремено, еромонахот Теофилакт Бељанин, кој се подвизуваше во Псково- Печерскиот манастир.


ЧУДОТО НА СВЕТИ НИКОЛА


Се случи тоа во 70-те години од минатиот век. Едно советско семејство бучно го прославуваше роденденот на таткото.

Се течеше по правило - со гозба, наздравување и пиење.

На врв од веселбата сите заборавија на петгодишниот син на славеникот. Тој трчаше околу гостите, ползеше под масата и одеднаш излезе на балконот, без знаење на своите родители. Тие живееја на осмиот кат.


Во еден момент домашните сфатија дека детето не е во дневната соба. Го побараа, но не го најдоа. Ниту во спалната, ниту во кујната, ниту во купатилото. Влезната врата беше заклучена така да неможеше да излезе од станот. 

Во тој момент, родителите приметија дека вратата на балконот се отворени и потрчаа кон него. Го немаше ниту таму!Таткото, погледна преку оградата, очекувајки да го види безживотното тело на својот син на асфалтот.

И види! Тој спокојно и радосно се играше на тревникот пред зградата. Неговиот татко, од страв, неможеше ниту да го дочека лифтот и трчајки се спушти низ степениците, излезе на улицата и го прегрна својот син, со зборовите:

 

- Саша, како се најде овде?


- Тато, вети ми дека нема да ми се налутиш?


- Нема, сине.


– Ми беше досадно и отидов на балконот. Погледав надолу, а таму беше многу интересно. Малку повеќе се навалив на оградата и просто полетав надолу. Но додека паѓав, во раце ме зеде еден дедо.


– Кој дедо? Ене го твојот дедо горе во станот, со нас.


– Овој беше друг дедо. Беше многу убав, со кратка побелена брада. Облечен, исто како луѓето од црквата. Тој ме донесе до тревникот и исчезна.


Таткото незнаеше што да мисли. Неговиот материјалистички ум просто неможеше да сфати што се случи. Тоа е против сите правила и закони на физиката, на крај на краевите и против гравитацијата. Но неговиот син е пред него , жив и здрав. И неможеше да помине преку заклучената врата! Тоа се исто коси со сите научни закони.


На целото семејство им олесни кога таткото го донесе детето во станот и го држеше во раце.

Одеднаш дете му се обрати:


- Тато, сфатив од каде го знам оној дедо.


- Таткото прво не разбра за што се работи.


- Кој дедо?


- Како кој? Па оној кој ме спаси.


Саша го фати таткому за рака и го поведе кон собата на бабаму. Таму тој се качи на столчето и со прстот покажа на старата семејна икона на Свети Никола.


Comments