Некои млади луѓе кои немаа никакви духовни интереси, еднаш отидоа да го посетат Светиот Пајсиј на Света Гора во неговата келија.

Отидоа да го видат од чиста љубопитност.

Светителот кој знаеше дека доаѓаат, како не би го изгубил денот, го зеде Светото Писмо, ја затвори својата келија и замина во шумата, а на портата остави порака која гласеше: " Зоолошката градина е затворена! Недостасува мајмунот...,,

Прекрасна работа е што посетителите ги допре забелешката,отидоа на исповед и постанаа свесни Христијани.








Comments