Еднаш, во сред на ноќта, монахот Сергеј го заврши своето молитвено правило и акатистот го кажуваше пред иконата на Пресветата Богородица што го правеше секој ден..
Кога ја,заврши својата молитва, неговата душа почуствува приближување на нешто Небесно и му кажа на својот ќелијник монахот Михиј: Биди буден,дете: сега ќе имаме прекрасна посета.
И веднаш се слушна гласот: Еве, Пречистата доаѓа! Ја здогледа Пресветата Богородица во друштво на Свети Петар и Свети Јован Богослов...
Неможејќи да го поднесе овој прекрасен сјај и неискажлива слава на Мајката Божја,монахот Сергеј падна на земја со своето лице.Но добрата Божја Мајка го допре и му кажа: Не плаши се избран мој.
Твојата молитва ја слушнав.
Не тагувај повеќе за своето живеалиште.
Од сега ќе имате обилно од се - не само во тек на вашиот живот, туку и кога ќе заминете кај Бога. Нема да го напуштам оваа место и засекогаш ќе го чувам.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар