Свети Антониј кажуваше: Кога седев кај еден старец дојде една девојка и му кажа:


Старецу, јас целиот свој живот го проведувам во пост, јадам еднаш неделно и секојдневно го учам Стариот и Новиот Завет.


Старецот ја праша: Дали за тебе сиромаштвото постана исто што и богатството?


Таа му одговори: Не.


Срамот исто што и пофалбата?


Не.


Непријателите исто како пријатели?


Не.


Тогаш мудриот старец и кажа: Оди дете, потруди се, сеуште немаш ништо.




Comments