•
•
прегледи
•
... минути читање
Рибата која не ја избегне мрежата, влегува во неа и останува заплетена во неа.
Така и оној кој не ја избегне ѓаволската мрежа, останува заплетен во неа.
Блудникот и прељубникот е заплетен во неговата мрежа, клеветникот е заплеткан во неговата мрежа, пијаницата е заплетен во неговата мрежа.
Пастирот кој не се грижи за своето спасение и спасение на стадото Христови, е заплетен во неговата мрежа.
Богатиот, кој не тежи кон општото добро, туку само за себе користољубието го бара, во неговата мрежа е заплеткан.
Судијата, расипан со мито и поклони, во неговата мрежа е заплеткан.
Со еден збор, секој грешник кој не се покае и не се грижи за своето спасрние, заплеткан е во неговата мрежа.
Сите оние кои ги уловил живи, за да ја исполнуваат неговата волја (Тим. 2:26).
Рибарот кој фати риба во својата мрежа, ја носи во својот дом.
Така и ѓаволот грешникот, кој го фати во неговата погубна мрежа, го влече со себе во погубување, во кое се наоѓа и самиот тој.
Ах! Влече и ќе го одвлече со себе, ако не се ослободи од неговата мрежа.
Свети Тихон Задонски
Comments
Post a Comment
Напиши коментар