Некој фрлил магији на моето дете му кажа мајката на старецот. Јаде урми од утро до вечер. Само слатки урми и ништо друго. Што да правам?
Старецот го погледна детето и кажа: Добра жено, оди си дома со детето. А утре во исто време, дојди кај мене повторно и јас ке ти помогнам.
Утредента старецот го зема детето и му ја зеде урмата од неговите раце и му кажа: Сине мој, немој да заборавиш дека на светот има и други вкусни работи.
После тоа го благослови детето и го пушти да оди кај мајкаму.
Изненадена од тоа мајка му го праша старецот: Зошто тоа него го кажа вчера? Зошто моравме да одиме на толку долг пат?
Добра жено и одговори старецот. Вчера неможев толку убедливо да му го кажам оваа на твојот син што му го кажав денеска, затоа што и јас вчера јадев полно слатки урми.
Значењето на оваа приказна е едноставна: започни од себе си. Сите поуки и совети важат само кога ги потврдувате со сопствениот живот.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар