Добра волја


Човек со душевен мир секогаш е со добра волја. А човекот со добрата волја е најголема благодат, која може да се појави помеѓу луѓето.

Таков човек се работи и се поднесува со добра волја. Тој ке го сослуша сиромавиот и ке му помогне на бедниот.

Тој може да му опрости на грешникот и да го прегрне работникот.

Тој е спремен да секоја праведна работа ја подржи и секоја неправедна да ја исправи.

Тој сака да гради и да создава. Тој не осудува но опоменува, тој не ранува,туку лекува. Со таков човек се дружиме, и живееме и создаваме.

Сите социјални проблеми би биле лесно и брзо решени, кога во светот би биле повеќе луѓе со добра волја.

Но злобната волја денеска е главна патеводителка на луѓето. Со злобната волја се раководи богатиот кон сиромавиот, и сиромавиот против богатиот, побожниот човек против безбожниот, и безбожниот против побожниот, и силниот против немоќниот, немоќниот против моќниот, младиот против стариот, и стариот против младиот.

Сите спротивности во светот се заострени со злобната волја човечка, и сите различни работи се направени во потполни спротивности.

Но како ке имаат добра волја оние, кои немаат душевен мир?

А како ке имаат душевен мир оние, кои не дојдоа до сознание за Бога како господар на светот?

Да се помолиме, браќа,, сега и секогаш за едното единствено што ја прави во основа човечката сила, и убавина душевна, и среќа - да се помолиме секој час од животот да ни биде во свеста јасно сознание дека е Божја земјата и се што е на неа.

Ако тоа ни се даде, ке го добиеме и сето останато. Тоа ке ни биде штит од сите злоби, и добро над сите добра.

Амин



Свети Николај Велимировиќ

Comments