Ангелите на небото, во славата и химните.

Луѓето во своите радости и во своите палати.

Бог Створителот во пештера, во јаслите, како да е најсиромашен од сите сиромашни. Каква Исусова понизност.

Би требало да ја стекнете оваа понизност, деца мои. Понизноста е најатрактивна доблест, наметка ткаена со златни конци.

Благо на оние кои во неа се облекуваат; ќе добијат неискажлива духовна убавина.

Гордоста и егоизмот се, од другата страна, најлути страсти.


Старец Ефрем Филотејски

Comments