Кој од нас, за да дојде пред нашиот Спасител Исус Христос,може, како Захеј,себе си да се стави во позиција на исмејување?

Ја имаме ли таа храброст? Колку ретко сме доволно храбри да се соочиме со исмејување и клевета!

Захеј од оваа не се плашеше.Еве што ни кажува од своето искуство:Не плашете се од човечкиот суд,не плашете се од исмејување на луѓето.

Немој да се плашиш! Немојте да бидете заслепени од човечките лица,мноштво од човечките лица,туку погледајте го единствено вистинско човечко лице: ликот на Христа,вашиот Бог,вашиот Брат во човечка природа и вашиот Спасител.

Заборави на се,гледај само во Него и отвори му ја вратата во својот живот,срце и ум! Отворете се за Христа до крај!

Отворете ја својата куќа,срце и ум, но по голема цена.



Митрополит Антониј Сурошки

Comments