Овој свет е само пат по кој одиме, брзаме накај своите домови каде не очекуваат нашите најблиски, каде се е спремно на трпезата.
Но како сме тогаш јадни и изгубени луѓе ако не ја знаеме целта на патот,ако наместо тоа да се стремиме накај тоа да го совладаме овој правлив пат кој го користиме само да би соградиле некоја колиба!
Само ако сме на крајот на краевите застанале од вртоглавото брзање и бесмислените грижи за материјалното средување, ако сме излегле од празното хазардерство во кое се вовлекло целото човештво, ако сме се на крајот свртеле на страна, и малку би се окрепеле од вртоглавицата, и увиделе, дека со Божјата помош вратата, макар биле и тесни, но кои водат накај вечноста, накај совршенството, но ако појдеме по тесната патека, по која може да се дојде до овие порти - мртвиот свет како декорација се поместува во страна и позади него се отвара правиот живот.
Како во сказната за заспаната убавица: се разбуди нашата душа, заедно со неа се разбуди и царството кое ја окружува.
Тогаш со душата ке почне да зборува целиот убав свет кој го сочинува нејзиното окружување: се кажува, се ја проповедува вечната вистина, се испоставува дека се е така убаво, така прекрасно, и не поради тоа што е пријатно за очите или вкусно, туку поради тоа што се во се го препознава Творецот, во се е сокриена тајната премудрост, и се е за Бога, за патот накај Него, за тајните на вечноста, за рајските блаженства, за смртта надвор од Бога.
Целиот просторен, материјален свет кои не окружува со своите стихии, кои се менува во времето, уште не е сфера на битисувањето на човекот кој ги поседува телото и духот.
Видливиот свет за нас е само стартна точка и скокалница со која започнува патувањето во океанот на правиот живот.
И оваа не е фантазија, не е свет "кула во воздух", туку е вистинска реалност - почеток на вечноста.
Како што кажал еден старец кој живеел во 15 век во близина на Цариград: Луѓето го (спасение) занемаруваат сматрајки дека е реален само овој земски свет кој го гледаат нашите очи, не знаат, меѓутоа,дека духовниот свет е реалност и суштина на работите, така целиот земски, материјален свет, опфатен од појмовите висина, ширина,длабочина и тежина, наоѓа власт во времето, кое се доведува до уништување,затоа што времето е слуга на смртта, а духовниот свет стои надвор од овие ограничувања, надвор од овие ланци и оквири на мерката, и тој е бесконечно богат, вечен и неуништлив.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар