Исихија

Кога умот се предава на сопствената енергија која се состои во враќање и будност на самиот себе, кога со таа енергија ќе се надмине себеси, може да се соедини со Бога.

Затоа, оној кој страсно сака да живее со Бога, бега од животот подложен на осуда. Го избира монашкиот живот, туѓ на бракот, посакува да живее без мака и грижи во светилиштето на исихија, далеку од каква било надворешна врска. Таму ја одврзува душата, колку што е можно, од каква било материјална врска и го приврзува својот ум на непрекината молитва кон Бога.

Преку неа тој целосно се концентрира на себе и наоѓа нов и мистериозен начин да се искачи на небото; она што може да се нарече недостижна темнина на иницирање на тишината.



Свети Грегориј Палама, Одбрана на светиите исихасти

Comments