Кога се врзав за Тебе, љубов моја,сите други врски се искинаа.


Ја гледам ластовичката како е збунета над растуреното гнездо, и си кажувам: јас не сум ни врзан за своето гнездо.


Го гледам синот како ожалостува за родителите свои, и си кажувам: јас не сум врзан за своите родители.


Ја гледам рибата како издивнува кога се извади од водата и си кажувам: таков сум и јас!


Ако ме отргнат од прегратката Твоја, моментално ке издивнам како риба фрлена на песокот.


Но како можев така безповратно да заронам во Тебе и да живеам, ако никогаш пред тоа не бев во Тебе?


Навистина бев во Тебе од првото Твое разбудување, поради тоа се чувствувам во Тебе како во домот свој.


Постои вечност во вечноста како што постои времетраењето.


Во исто време Господи, Ти си бил во вечноста во неизкажлива рамнодушност и во своето вечерно блаженство.


Тогаш ипостасите Твои навистина беа во Тебе, оти не можеа да не бидат во Тебе.


Но не размислуваа една за друга, зошто не се знаеја во својата различност.


Во другата вечност Ти си бил во Своето утринското блаженство, и трите ипостаси се запознаа во своето размислување.


Ниту Отецот не е пред Синот, ни Синот не е пред Отецот, ни Светиот Дух не е  пред ни после Отецот и Синот.


Како што човекот при своето разбудување ги отвара своите очи одеднаш, така одеднаш истовремено се отвараат трите ипостаси во Тебе.


Го нема Отецот без Синот ниту Синот без Светиот Дух.


Кога ке легнам покрај моето езеро и заспијам во сон без сонување, тогаш во мене не умира ниту моќта за сознаењето, ниту желбата ниту акцијата, но се се претвара во едно блажено, нирванско, безразлично единство.


Кога сонцето го растури своето злато по езерото, јас се разбудам како некакво нирванско единство но како триединство, од сознаењето, желбата и акцијата.


Тоа е Твојата историја во мојата душа, Господе, толкувачу на мојот живот.


Нели е толкувачот на мојот живот, е толкувач на се створено, на се обединето?


И тебе татковино моја, и Тебе е ке ти опрости толкувачот на мојата душа.


Татковино моја, спаси ме од навалата на туѓинците во мене.


Животе мој, изгори ги сите знаци на смрта во душата и телото мое.


Свети Николај Велимировиќ

Comments