Кажуваат: ми заигра душата, нешто ми заигра во градите.
Што тоа може да заигра, да се развесели толку живо, нешто што е бестелесно, нешто во чие постоење не сме толку сигурни?
Тоа не е ниту ткивото и нервите, тоа е душата.
Таа се радува чисто како детето, таа заигрува од радоста.
О, Господе, како да здобиеме што повеќе радост, а што помалку болка?
Што се тоа случува со духовните сили на душата, во нејзиното духовно ткиво кога таа се радува?
Каков е тој процес тогаш во тек?
Кога е радоста присутна во душата на душата, тогаш таа прикриена духовна жлезда лачи повеќе живот,повеќе есенцијални духовни хормони и животот расцветува и донесува плод.
Како да добиеме што повеќе духовна радост во својата душа, а што помалку болка?
Па оваа прашање е и суштината на Светата Православна вера и главна причина за Христовото доаѓање на земјата: победа и уништување на гревот, исцелување на душите, нејзиното оздравување, растењето и созревањето и донесување на родот.
А нејзиниот род е доблеста која и дава крила со кои таа лесно пролетува низ овој живот во телото, и која, што е најважно од се, и дава сила да по телесната смрт полети безбедно и сигурно пристигне во вечниот живот.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар