Никогаш дете,немој да осудуваш,никогаш!

Варди се да не му се згадиш на човекот кога му се гадиш на гревот.Знаеш ли што те единствено разликува од оние жени кои во ноќта заработуваат стоејќи на улица да им некој пријде за пари?...

Само што Бог твојот поводник го држи пократок од нивниот.Кога би го попуштил би правел исти и полоши работи.

А Бог него држи пократок затоа што си подобар туку затоа што можеби не би имал сила таквите гревови да ги носиш и да се покаеш за нив.Немој да мислиш дека нешто друго е во прашање,само тоа е.

Моли му се на Бога да не осудуваш,ако немаш разбирање за човечката слабост и ако осудуваш,Бог ќе го попушти твојот поводник.

Што ќе правиш ако тогаш никој не те разбере,ако се гадат од тебе.Ако никој не те прифати,ако не ти подаде рака...ако сите го идентификуваат твоето срце и твојата душа со твојот грев и твојата нечистотија...

Дете мое,човекот е повозвишен од своите нечистотии.Срцето човечко се бара во неговите највисоки врвови а не во мочуриштата на неговата душа.Те молам,сине мој,немој никогаш да осудуваш,никогаш.

Сети се како Христос ги напиша гревовите на прашина на оние кои сакаа да ја убијат жената фатена во прељуба.

Варди се да не се заразиш со туѓиот грев но сожали се на човекот кој е заразен...можеби не се кае,можеби е злобен и сака намерно да ги зарази и другите, но сожали се зошто - умира.

Немој да осудуваш,зошто така и Бог на тебе ќе ти суди.



Мошти - раце на Свети Гаврил Грузијски 


Comments