Во една зима со доста студени денови,монахињите ме советуваа да отидам во гостинската соба која беше потопла.

Отидов.

Одмарав кога една група на демони наиде накај мене - можеби беа десетмина или повеќе.

Да оваа е нашиот душманин,си кажаа еден на друг,заканувајќи се со ноктите накај мене.

Со себе немав ниту икона ниту Крст.Мојата единствена одбрана беше молитвата.Станав и отидов во својата ќелија.Ме пратеа,но не ме дираа.Неможеа да влезат во мојата ќелија.Тука ме штитеше Божјата благодат.

Со пост и непрестрајна молитва старецот се молеше на Господа за секоја душа.Со солзи и преку ноќ ги ослободуваше душите од рацете на демонот.И викаше до последниот:

- Сакаш да се расправаш со мене? Знај дека со Христовата помош неможеш да ме победиш.

Една монахиња му се пожали на старецот дека чувствува дека насекаде ја следат некои сенки и дека се оддалечуваат од неа само кога е во негова близина.

Тогаш старецот ја увери и од тој момент монахињата веќе не се обидуваше да води иста борба.

Старецот Гаврил секогаш истакнуваше:

- Кога ќе те преземе злото,прво ти го зима умот.

- Во Храмот се слушаат Ангелски гласови.

Можели оваа да биде вистина,старецу?

Нека Бог не чува од такви гласови.

Кога до ушите слушнеме нешто чудно,тоа е опасно.

Една жена започна да се прозева додека го читаше правилото.

Старецот Гаврил ја виде и кажа:Сега падна.

И објасни дека дојде до духовна војна и покажа како да војува со злите духови.

И дишењето и застана,се засили.

Една монахиња имаше полно прашања и го праша старецот Гаврил:

-Отец, како се снаоѓаш и се бориш со сатаната?

- Тоа е нешто што непрестрајно го учам веќе педесет години.Дали сакаш да го дознаеш веднаш? и одговори смеејќи се.

И пак кажа:

- Човекот понекогаш самиот на себе си нанесува зло,дури ни душманот не ни помислуваше тоа да му го направи.Дури и самиот сатана е изненаден.





Comments