Кога сте нервозни,не зборувајте.Не ги решавате проблемите кога сте нервозни.Нека се смират работите,нека се сатаната тргне од патот и шанса ќе дојде...
Се сеќавам на еден старец кој еднаш на улица го запре еден од своите внуци,кој беше нервозен и бесен и го праша:
Каде одиш Михаил?
Одам да расчистам
Што да чистиш?
Неговата жена разговарала со некој и тој сега отиде да го бара и да го тепа.Старецот му кажа:
- Немој да одиш сега.Не оди ниту утре...
- Не,сега ќе одам!
-Застани,гледам дека си нервозен.А кога човекот е нервозен,неможе да направи добри работи.Немој да одиш уште повеќе ќе ги искомплицираш работите
-Не ќе одам му одговорил внукот!
-Чекај,да ти кажам нешто...Кога ќе ги испрлаш панталоните со кал,дали веднаш земаш четка да ги исчистиш или ги оставиш прво да се исушат па потоа ги чистиш?
-Ги оставам да се исушат...
- Пушти да се исуши и оди утре и разбери се со човекот.
Ќе те послушам му одговори внукот.
Така старецот го "удари" својот внук и се заврте назад.
Следното утро мажот со кој зборуваше неговата жена дојде и му се извини зошто зборувал до жена му без негово присуство.
Вчера беше во право.Каква и да сум болка предизвикал јас ви се извинувам.
Советот на старецот: Што е по свежо,повеќе ќе го испрлаш.Сакате да очистите но не е исчистено.Имајте на ум дека "времето лечи се".Но ние тоа го немаме во себе...
Димитрис Панагопулос
Comments
Post a Comment
Напиши коментар