ЕДНОСТАВНА, НЕВИНА И ДЕТСКА ЉУБОВ


Нашиот Господ е задоволен од добрите дела што ги правиме. Делата на милосрдието и сето она што го правиме за наше спасение и за доброто на ближниот и на Светата Црква, сето тоа Му е угодно на Бога.


Но, она што најмногу го радува е едноставната, невина и детска љубов која се прилепува за неговото срце. Тоа е она што најмногу го радува и што очекува од нас. Тоа е она што секој човек може да Му го даде, без разлика дали е богат или сиромашен, млад или стар.


Отец Тадеј


Comments