- И двајцата сме во полнотата на Светиот Дух! Зошто не ме гледаш?


- Не можам, оче, зашто од твоите очи извира молња. Твоето лице стана посветло од сонцето и моите очи се затворени од болка!


- Не плаши се, рече Свети Серафим. И ти стана светол како мене; сега си и во полнотата на Светиот Дух. Инаку немаше да ме видиш вака. И наведнувајќи ја главата кон мене, тивко ми шепна на уво: „Фала му на Господа што ни ја даде Својата неискажлива благодат. Видовте дека јас не се ни прекрстив; само, во моето срце, во мислите, се молев на Господа Бога и реков: „Господи, удостои го јасно да го види со телесните очи слегувањето на Светиот Дух, како што си направил да видат твоите избрани слуги кога се удостои да се појавиш во величественоста на Твојата слава! И ете ти, Господ веднаш одговори на скромната молитва на смирениот Серафим! Како да не Му се заблагодариме за овој неискажлив дар што ни е даден на двајцата?



Разговорот на Свети Серафим Саровски со Мотовилов

Comments