На исповед добив прашање...


Што е Божиќ? Како се чувствувате во врска со Божиќ?
Собрав храброст да одговорам не богословски,туку од срцето.

Брате мој да би разбрал што е Божиќ и како се чувствуваш,мораш да влезеш на следниве места дури и виртуелно,за да би разбрал...
Божиќ е чувство кое жената го чувствува кога го роди своето дете кога ќе ја види насмевката на докторот и кога за прв пат ќе го види своето дете.Светот исчезнува кога некој му пријде и му понуди друштво.
Зборуваат дека е чудо и се ќе помине добро.
Божиќ мој брате е чувство кое го чувствуваш кога отидеш целиот валкан духовно на исповед а излезеш како некој да ти ставил крилја на грбот.
Божиќ е кога родителот ќе го види и ќе го прегрне своето дете после многу години отсуство,Божиќ е кога ќе се најдеш на чекор пред амбисот и некој ќе дојде и ќе те удари по грбот и ќе ти каже дека се ќе биде во ред.
Божиќ е кога сте богати и одеднаш во тешкиот момент кога богатството не може да помогне,Бог доаѓа и ве помилува како сиромасите кои сте ги игнорирале.
Божиќ брате мој не е онаа што си го видел или си го направил.Божиќ е онаа што навистина си го почувствувал.Божиќ е Неговото раѓање,дружење со бездомниците,чудо,очистување,средба,меѓусебна помош и милостина.Оваа е Божиќ и оваа морате да го почуствувате.Божиќ е љубов!



Отец Константинос Страгиополус 

Comments