Првите години кога го сретнавме отец Ефрем, војуваше со голема ревност во молитвата!

Една вечер легна во креветот да се малку одмори,а по малку се разбуди.
Демоните кои имаа многу завист во себе,бидејќи молитвата на отец Ефрем беше огин,излегоа (цела легија) од неговата ќелија и почнаа да викаат во еден глас: Војна,војна...
Мислеа дека тоа ќе го уплаши.
Но што направи отец Ефрем? Стана од креветот како гром! Ја зграби бројаницата и храбро и силно им одговори:Да,да, војна,војна...!
И влезе во борба:
Господи Исусе Христе помилуј ме!
Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот!
Отец Ефрем така бдееше долги години и им ,,благодареше" на демоните кои го разбудија.




Кажување на старецот Арсениј Спилеот за силата на молитвата на Свети Ефрем Катунакиски

Comments