Тропар и Кондак на Светиот маченик Трифун

  Тропар на светиот Христов
 маченик Трифун

                                                            14 февруари / 1 февруари

  На 14 февруари Православната Црква го празнува споменот на светиот Христов маченик Трифун. Свети Трифун уште од младоста бил исполнет со вера и љубов кон Христа, а со своето маченичко страдање ја посведочил силата на Божјата благодат. По неговите свети молитви, Господ да ги спаси и помилува нашите души.                                                                 
                                                                            
                                                                                 Тропар
Маченикот Твој Трифун, Господи, во своето страдање прими нераспадлив венец од Тебе – нашиот Господ; имајќи ја, пак, Твојата поткрепа, ги порази мачителите и ја скрши немоќната смелост на демоните. По неговите молитви, спаси ги душите наши.

Кондак
Поткрепен од Света Троица, ти го разруши култот на мноштвото богови, чесен Трифуне, славен во Господа; а кога ги победи мачителите, благодарение на Спасителот Христа, ти го прими венецот на твоето мачеништво како непобедлив, и даровите на божествените исцеленија.



Свети мачениче Трифуне, моли Го Бога за нас!


⚠️ Важна напомена за преземање содржини:

Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.

Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето! Христос Воскресе!

Comments