- Посакувам, синко, да те видам,како свештеник! Да му служиш на мојот Христос, мојот вистински Бог и да се сеќаваш на мене кога ќе умрам...
Тоа беше почеток што ми го дадоа мајка ми, татко ми, моето семејство и мојата љубов кон татковината. Зашто, кој не ја сака својата татковина, земна, не ја сака рајската, вечната татковина.
Блажен и несреќен е оној кој има желба за Бог исто како што љубовникот има спрема љубовницата.
Тој (љубовникот) дење и ноќе ги има сите мисли на оној кој се заљубува и заборава на сите негови други потреби и се нурнува во женската љубов.
Мора да имаме толку многу љубов кон Бога...
Има земјотреси, има поплави, има катастрофи...
Што е сето ова? Тоа е „Божји прст“. Така вели Библијата.
Зошто се тресе местото? Тоа е „прст“ Божји.
Кога фараонот ги прогонуваше Евреите и кога дојде првата фараонова „чума“, фараонот и неговиот народ прашаа: што се случува?
А маѓосниците на фараонот одговорија:
- „Прстот“ е Божји.
И денес, кога ги гледаме сите маки, секогаш велиме: „Прст“ Божји е.
Тој е тој што владее со нив. Тој е оној кој им дозволува да се вратат кон Него ...
Во Божествената Литургија секогаш ја слушаме изреката: „Јас и еден со друг и сиот наш живот, на Христа Бога,да го посветиме.
Ако го погледнеме ова, мирни сме. Спиеме мирно, не гледаме, не се грижиме, не страдаме... затоа што имаме апсолутна доверба во Бога и ги оставаме нашите работи во Божји раце.
Како што мајката кое свое дете го раѓа на овој свет, него ништо не го интересира. Тој е во прегратките на мајка си и вели:
-сигурен сум и мајка ми ќе ми обезбеди воспитување, облека и се.
Така ни кажал Господ многупати: не грижи се што ќе јадеш и што ќе пиеш. Вашиот Небесен Татко ќе се грижи за вас. Најнапред барајте го Царството Божјо, и сите други земни добра ќе ви ги даде вашиот Небесен Татко (Мат. 6:31-33).
Comments
Post a Comment
Напиши коментар