Прости ми што не сум тука,заминав да им помогнам на оние кои бараа помош од вас при вашето патување!
Еден монах се молеше многу време истрајно,барајќи да се сретне со Бога.Конечно му успеа,му се јави Ангелот и му кажа дека Бог ќе се види со него утре на врвот на планината.
Утредента монахот стана многу рано и погледна кон планината,небото беше потполно чисто немаше ниту еден облак.
Така појде,среќен и задоволен,кон врвот на планината.во тој момент,додека одеше по патеката,сретна човек кој беше паднал во трње и го молеше за помош.Извини се брзам,треба да се видам со Бога,му одговори монахот и продолжи по патот.
Нешто понатаму сретна жена која седеше покрај своето болно дете и плачеше.Помогни ми те молам.Извини,немам време,се брзам Бог ме чека на врвот на планината.
Тој го забрза своето одење да не би закаснил,но патот стана потежок за одење,тој виде еден изнемоштен старец кој го замоли да му донесе вода од блискиот поток.Неможам старче се брзам имам состанок со Бога ќе закаснам!
Кога монахот конечно стигна на врвот на вратата од колибата во која требаше да се сретне со Бога најде закачена порака:
Прости ми што не сум тука,заминав да им помогнам на оние кои бараа помош од вас при вашето патување!
Comments
Post a Comment
Напиши коментар