Чудото на Свети Нектариј по молитвите на старецот Нектариј Виталис - исцеление на малиот Василиј

Чудото на Свети Нектариј по молитвите на старецот Нектариј Виталис - исцеление на малиот Василиј




 

Детето имаше само пет години, често имаше главоболки и после одредено време неговите родители го одведоа на лекар.

Страшна вест таму ги дочека, детето имаше тежок облик на карцином и наскоро ќе го загуби видот.

Тешките прогнози за еден месец се исполнија, детето ослепе, а единствено решение беше да му ги извадат очите за да би останало живо.

Операцијата требаше да се направи во Англија, а родителите имаа пари за неа - но замислете го пеколот на понатамошниот живот на детето.

Еден ден одлучија да отидат до островот Егина и тука започнува невероватната приказна.

Старецот Нектариј Виталис го пречека малото дете со родителите и ја слушна потресната случка, не му беше сеедно и плачеше и му се молеше на Бога додека тоа го слушаше.

Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. Дедо, те молам да ме сослушаш, му кажа детето. Јас дома имам играчки и не ми требаат, не гледам да би се играл со нив, а моите родители не сакаат да им ги подарат на другите деца, те молам да им кажеш тоа да го направат, додаде малиот Ангел.

Старецот Нектариј Виталис го одведе пред иконата и го помаза со Светото масло од кандилито од иконата на Свети Нектариј Егински.

Дедо, каков е Свети Нектариј?

Дали иконата е голема?

До кај достигнува?

Не го гледам дедо, а би сакал да го видам му кажа детето.

Заминаа многу тажни од Егина, а старецот остана да се моли.

После неколку недели детето замина во Англија, требаше да му ги извадат очите.

Меѓутоа се случи невероватно чудо, карциномот го немаше, а главата на скенерот беше потполно чиста - без промени.

Родителите веднаш го одведоа детето на Егина и во знак на благодарност детето веднаш отиде кај Старецот Нектариј и му кажа: Дедо, колку си слаб, дали се сеќаваш на мене? му кажа детето.

Старецот неможеше веднаш да се сети за кого се работи, а детето гласно му кажа: дедо јас повторно гледам, Свети Нектариј ме посети и исцели, дедо мој како се радувам, а ми беше жал што оној ден неможев да го видам, сега сум тука и многу сум среќен заврши детето.

Денес, детето е трето оделение и е еден од најдобрите ученици, кој и да му се обрати на Свети Нектариј тој ќе се исцели! Само верувајте, ВЕРАТА Е СЕ!




⚠️ Важна напомена за преземање содржини:

Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.

Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето! Христос Воскресе!

Comments