Оние кои се оддалечуваат од Христа се лишуваат од божественото просветлување, зашто тие, безумните, ја оставаат сончевата страна да се повлечат во сенка. Како резултат на тоа, тие настинуваат и духовно се разболуваат. Ако човекот не се очисти, ако не му се даде просветлување, божествено знаење, неговото сопствено знаење, колку и да е точно, е - забележувам - само чист рационализам, ништо повеќе. Ако му недостига божествено просветлување, што и да може да каже, што и да напише, нема да има никаква корист. Погледнете какви длабоки значења крие Псалтирот, кој е напишан под инспирација на Благодатта!


Свети Пајсиј Светогорец

Comments