Се присетив на долговите и гревовите свои ми потече поток од солзи.


 


На постелата своја размислувам за Тебе, Човекољупче, и на полноќ станав да ја славам Твојата благост.


Се присетив на долговите и гревовите свои ми потече поток од солзи.


 Ме охрабрија разбојникот, митарот, грешната Марија, Хананејката како и Самарјанката на изворот.Ми повикаа: Стани моли се за милост, зошто твојот Господ е исполнет со добрина.


Давид, синот Јесејев, ме повика низ псалмите свои, ме пробуди од сон кој ми ги здрви нозете и ми кажа:Стани човеку зошто спиеш? Судијата на полноќ прима дарови, стани моли се и барај милост за себе.


Милосрдниот Господ ке се зарадува поради тебе.


Дверите негови ден и ноќ се отворени за покајниците.


Ноќе лежејки на постелата своја, се присетив на долговите и гревовите свои, тогаш ме обзема ужас и заплакав:Доаѓа темната ноќ и темнина без светлина.Оној кој живее во беззаконие, тој нема да се зарадува во денот на Воскресението, тој ке остане вечно во темнина.


И Давид бдееше преку ноќта и на постелата своја размислувајќи за беззаконијата свои, и ги исповедаше гревовите свои.


Безбројни ноќи ја топеше постелата своја со солзите свои, и во воздишки го молеше Господа, зборувајќи:Јас ги знам беззаконијата свои, и гревот мој е секогаш пред мене; Тебе единствено ти погрешив, помилуј ме.


Тебе те повикувам, Оче, Сине и Духу Свети Тебе те молам ден и ноќ помилуј ме.


По милоста Твоја очисти ги беззаконијата и гревовите наши, подари ни Господе, душевно и телесно здравље, избави не нас од лукавиот, од силата негова, од патот негов и од сите мрежи негови, и не неостави ни ден и ноќ без милоста Твоја.


 Свети Ефрем Сирин


Comments