Го однесе на плажата и го пушти во морето. Во еден момент жицата со кој беше врзан се скина и неговиот брод потона во длабочините и исчезна. Детето многу се вознемири.
После неколку денови детето го пронајде својот брод на пазарот изложен во една продавница.Веднаш го препозна. Под бродчето на хартија пишуваше: Се продава.
Откако се увери дека е негов, детето влезе во продавницата и му кажа на продавачот:
- Господине, оваа е мој брод, јас самиот го направив.
Продавачот му одговори:
- Плати колку чини и ќе биде твој...
Детето, меѓутоа, немаше пари и отиде до својот татко и му раскажа што се случило.
Таткому му даде пари и детето го купи својот брод.
Го зеде, го прегрна и кажа:
- Сега си мој по втор пат, еднаш те створив и еднаш те купив.
Оваа е Христос! Он е Тој кој не створи, но и Оној кој не откупи со Својата Крв!
Од искреноста, за онаа што ни го направи Христос, секоја личност треба да се менува и да се покаје.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар