Сето оваа се одигра во дворот на нашата црква за време на еден голем празник.Како и секоја година, на тој ден се собираше голем број на луѓе во црквата, па јас и мојот другар им помагавме на свештениците тој ден.
Додека правевме пауза, седевме на една клупа и ги посматравме луѓето кои влегуваа во црквата. Секаков свет се на тој ден појави во храмот, од оние кои незнаат да се прекрстат, кои се однесуваат како да се на пазар додека купуваат свеќи, до оние кои непристојно облечени влегуваа во храмот како да се во кафиќ.Се оваа не иритираше, демек ние сме големи Православци, па се натпреварувавме помеѓу себе кој повеќе навреди и осуди ке упати кон сиот тој народ, кој е овде највероватно еднаш годишно.Се сеќавам дека бев толку нервозен поради се и дојдов на идеја да ги вратиме сите оние кои влегуваат во храмот непристојно облечени. Во мојата глава тогаш тоа изгледаше како херојско дело, како со тоа ке ја заштитвме црквата од овој свет кој не заслужува да влезе во неа.Му ја предложив таа идеја на свештеникот и тој ми раскажа една случка која ми ја сруши гордоста на еден млад човек во маскирни панталони и во корен ми го смени погледот кон луѓето. Еден ден во храмот влезе една млада девојка облечена како за излегување во кафиќ и на неа имаше гардероба која повеќе откриваше не го што покриваше. Застана да се помоли, кога и пријде една стара жена со марама на глава, редовен посетител на црквата и започна да ја критикува:"Како си облечена? зарем не ти е срамота така облечена да влегуваш во црква? излегувај од овдека! Таква облечена оди си во некој кафиќ а не да доаѓаш во црква! После овие навреди, девојката се заврте и излезе од црквата, а жената остана, уверена во исправност на својата постапка. Таа вечер, во сон и се јави Пресвета Богородица:"На мене ми требаше дваесет години да ја донесам во црква, а на тебе ти требаше две минути да ја исфрлиш од црквата". Седнав целиот изгубен.Сета онаа самоувереност испари од мене и останав сам на клупата со наведната глава.Кој сум јас да одредувам за кого е црквата? Како можев сам да си ја доделам улогата на некој кој ќе ги одвраќаше луѓето од Христа? Јас највероватно најгрешен од сите нив, да си дадам право на себе да судам за тоа кој може да влезе таму каде што е повикан? Јас кој целиот свој живот се бунам затоа што заради начинот на кој се облекував ме осудуваа, сега го правам тоа исто таму каде што осудувањето не сме да постои, на единственото место на светот каде сите сме исти. Што ке беше со мене во тие моменти кога ја барав животната утеха на истото место, да ми пријдеше некој и да ме исфрлеше како недостоен да влезам. Може би голем број на овие луѓе не знаат зошто се тука денеска, можеби се непристојно облечени, но ако нивните срца барат утеха, како што моето бараше пред неколку години порано.Кој сум јас да одземам и да забранам? што ако таа девојка која заради краткиот шорц сакав да ја исфрлам можеби денеска ке осетеше утеха во црквата на која кафиќот покасно ако отиде немаше да и ја даде. Зарем нели Христос беше прв кој ги растури човечките правила и предрасуди, кои се против фарисејското лицемерие, се бореше така што кај себе ги примаше грешниците, митарите, блудниците, оној најнизок и најосудуван дел на друштвото? Не ги отфрли заради нивните мани, туку ги прифаќаше како такви и ги сакаше им даваше се онаа што лицемерниот свет незнаеше. И сите тие луѓе денеска се тука, барем на полачас ја заменија телевизијата, интернетот, дискотеките и кафиќите за црквата, и кој сум јас да им го скратам тој полачас со Христа? Неколку години покасно, на истиот празник, делев икончиња на Свети Никола.Размислувам за се оваа додека ја гледав иконата на Спасителот со солзи во очите.Сега со искрена љубов приоѓам кон секој од луѓето кои влегуваа во храмот, смирено им одговарав на сите нивни прашања, им ги објаснував сите работи кои онакви како мене не сакаа да им ги објаснат, и сакав да тие пет минути кои ги проведуваат тука бидат корисни.Само на тој начин Христовата вера може да се приближи до луѓето. Ако ги затвориме црквите само за нас кои сме тука секоја недела, ако се изолираме од народот, ние ќе го присвоиме Христа само за себе, што е најголема грешка што ја прават луѓето, Христос е тука за сите, за свештениците и членовите на црквата, за учените луѓе, и за оние прости, за правници, лопови, учители, автомеханичари, мушкарците за жените, за Македонци, Срби, Грци, Бугари, за црнци, азијати...Он не чека сите нас и не прави разлика која ја прават луѓето. Он гледа на човечкото срце, кое е за нас често сокриено испод слоевите на предрасудата.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар