Слава Тебе, Боже! Слава тебе, Оче Гавриле!


 

Ираклиј Гоголадзе го запознав во манастирот Самтавро.Како од небо овој млад човек ми пријде и ме праша: Старецот Гаврил направи чудо за мене...Слушнав дека собирате вистински случки.Дали можете да ме сослушате.

Му кажав со почитување и среќа дека јас сум преведувач и уредник на Руската верзија на книгата...Не пуштајќи ме да завршам, исполнет со чувства, започна да ми ја раскажува својата приказна.

Го вклучив диктафонот и...слушав како ми зборува за чудесното исцелување на старецот Гаврил Грузијски. Би сакал да ја поделам оваа приказна со вас.


Преку старецот Гаврил во моето семејство се случи чудо. 

Старецот Гаврил се уште не беше прогласен за Светител кога прв пат слушнав за него.

Нашата прва ,,средба" беше кога бев седмо одделение и го посетив манастирот Самтавро.

Се уште дете,ме восхити пред се онаа што го видов на гробот на старецот - пред се неверојатна маса на луѓе кои беа таму.

Без никаква вистинска свест за тоа што работам, истотака пријдов до гробот и тогаш започна моето пријателство со старецот Гаврил. 

Поклонувајќи се на гробот,почуствував голема милост. Срцето ми беше исполнето со љубов. Чувствувајќи ја оваа внатрешна радост, посакав да викнам најгласно што можев: ,, СИТЕ ВЕ САКАМ!

Монахињата Параскева ни даде масло од лампата што беше запалена на гробот на Старецот Гаврил и ни објасни како со тоа да се помазиме.Се чувствував како да стекнав некоја непобедлива моќ и така беше!.

Поминаа неколку месеци, и катастрофа го задеси нашиот дом. Мојот татко се разболе од псоријаза. Бевме во сите болници, но тој беше со толку тешка состојба и подмината фаза и никој не сакаше да не прими.

После некое време, со посредство на нашите роднини, мојот татко беше примен во болницата во Тбилиси.

Лекување течеше много споро. Докторите кажаа дека ќе му треба најмалку четири месеци да оздрави. Една вечер мојот татко доживеа срцев удар и со тешка мака докторите успеја да му го спасат животот.

Тогаш се сетив на старецот на чиј гроб се случуваат чудесни исцеленија. Отрчав дома и го земав маслото од гробот на Старецот Гаврил и заминав во болница.

Докторите никого не пуштаа во неговата соба, но кога им ја објаснив состојбата, се согласија и ме пуштија.

Заминав кај мојот татко, и тој спиеше.

Го помазав со малиот прст три пати во облик на крст, го прочитав ,,Оче наш" и со цело срце барав од старецот да го излекува мојот татко.Тогаш заминав без зборови.

Наутро со мајками и со мојот пријател заминавме во болница. Отидовме во собата на таткоми...поточно трчавме со ужас кога го чувме крикот на медицинската сестра: ,,Оваа неможе да биде!" Мислевме дека тоа е крај! Мојата мајка се онесвести.

Ме фати некое треперење кое неможев да го контролирам. Влегов во собата и го видов таткоми како седи на креветот. Бев зачуден.

Немаше повеќе осип на телото и на лицето, кожата му беше како на новородено дете.Набрзо влезе во собата главниот доктор - оној истиот кој ми дозволи да го посетам таткоми. Никогаш нема да го заборавам неговото лице во оној момент кога својот пациент го виде со апсолутна чиста кожа! Докторот започна да плаче и се прекрсти зборувајќи:,,Слава му на Бога...Слава му на Старецот..." Тогаш мојот татко не прекина и ме праша за кој Старец зборуваме.

Не успеав да му раскажам за Старецот Гаврил кога таткоми ми раскажа за сонот кој го сонувал таа ноќ.

Како еден свештеник со побелена брада влезе во собата и му кажа: Е мој брате...до сега никогаш не си се исповедал и причестил, но имаш син и жена кои се верници исто како мене. Неможам да поднесам да гледам како тие плачат..Еве дај да те излекувам и ти да започнеш да живееш како верник.

Често оди во црква, исповедај се и причествувај се. Тогаш ќе станеме пријатели...Инаку,не сум ти пријател.Ме разбираш?

Му намигна на мојот татко, направи над него знак на крстот и замина...

Плачев - сите во собата плачеја!

И покрај фактот дека мојот татко никогаш за својот живот не го видел старецот, неговиот опис на ,,свештеникот" во потполност се совпаѓаше со ликот на Светиот Гаврил Грузијски.


Слава Тебе, Боже! Слава тебе, Оче Гавриле!


Comments