Само Господ знае што е добро, а што лошо!

 Некогаш во едно село живеел сиромашен старец, кој имал прекрасен коњ кој му помагал во земјоделството и кој бил толку убав и силен што бил познат низ целиот крај.

 Еден ден, еден принц кој бил импресиониран од славата и изгледот на коњот, сакал да го купи, нудејќи му на старецот голема сума пари.

 Меѓутоа, тој одбил да го продаде својот омилен коњ за кој бил врзан толку години и се вратил во своето село.

 - Дали си будала? го прашаа неговите соселани.

 Продај го коњот за твое добро, ќе добиеш многу пари и ќе бидеш среќен!

 - Ах, коњот ми помага во работата

 А кој знае што е добро, а што лошо? - одговори старецот.

 Само Господ знае!

 Деновите минуваа, а коњот остана неразделен придружник на старецот.

 Едно утро се разбудил и видел дека неговиот коњ го нема.

 Локални жители се собраа да ја изразат својата тага:

 - Кое големо зло те фати, кој сега ќе ти помогне во работата?

 Си бил будала што не го продаде коњот.

 Сега немаш ниту пари ниту коњ.

 Старецот одговорил со својата карактеристична смиреност:

 - А кој знае што е добро, а што лошо? Само Господ знае!  

 Селаните се оддалечија мислејќи дека старецот го изгубил нервите.

 По неколку дена, коњот се вратил во шталата на старецот, заедно со некои други прекрасни коњи што ги сретнал во шумата.

 Пак се собраа селаните и му рекоа:

 - Колку имаш среќа ! Нека ти е со среќа,

 затоа што сега имаш повеќе коњи да ти помогнат.

 Старецот им одговорил:

 - А кој знае што е добро, а што лошо... Само Господ знае!

 Како и да е, мило ми е што мојот коњ се врати.

 Неговите соселани повторно го погледнаа со презир.

 Неколку дена подоцна, неговиот син, јавајќи на еден од коњите, паднал и си ги скршил нозете и десната рака останувајќи беспомошен.

 Селаните пак се собраа велејќи:

 Штета е тоа што те снајде! Со коњите што дојдоа, конечно ја изгуби десната рака - твојот син кој сега страда од болки и може да страда до крајот на животот.

 Старецот пак одговорил:

 - Кој знае, само Господ знае што е добро, а што лошо!

 Неполна недела по несреќата, соседната држава им објави војна .Така да војската помина низ неговиот град и ги регрутира сите млади луѓе од градот.

 Секако, не му го одзеле синот кој имал скршеници на нозете, па не учествувал во жестоките борби што следеле.

 Мештаните повторно дојдоа и рекоа:

 Имаш голема среќа, бидејќи синовите на сите нас ќе бидат убиени во војната, а ти секогаш ќе го имаш твојот син во близина.

 А старецот нежно им одговори:

 Ние луѓето никогаш не знаеме доволно за да процениме дали нешто е благослов или несреќа. Сè уште не ги разбирате моите зборови:

 Само Господ го знае нашето добро и нашето лошо!  

 Затоа мора да покажеме апсолутна доверба во нашиот Бог, не со зборови туку со дела! Има ли случај да останеме како мало дете во неговата волја, никогаш да не чувствуваме тага, вознемиреност?



Comments