На брегот на една голема река живееше рибар со своето семејство.
Некогаш неговата работа одеше добро,но времињата се променија.
Сега реката носеше се помалку риба,чамецот беше дотраен,а да купи нов немаше можност,рибарот мораше скоро секој ден да го почнува со поправка.
Еден ден еден старец поминуваше низ тоа населено место и го замоли рибарот да преноќиште.
Рибарот го угости,нахрани,иако одвај имаше храна за сите и му го даде најудобното место во куќата.
Наредното утро ,кога старецот тргна да си оди ,праша како да се заблагодари на домакинот за преноќиштето и храната.Рибарот виде дека старецот воопшто не е богат,па се насмеа и рече:
-Гледам дека си мудар и многу си видел.Дај ми совет- како да излезам од сиромаштијата,и тоа ќе биде доволно.
-Добро,се сложил старецот.За да излезеш од сиромаштијата треба да го потопиш чамецот!
Старецот си заминал,и никогаш повеке не го видоа.
Рибарот не го разбра советот,само слегна со рамениците: Можеби старецот го изгубил разумот?Како можам да го потопам чамецот-и сега одвај обезбедувам храна,а без чамецот ќе умреме од глад....
Рибарот не го прифати советот,живееше како порано,се посиромашно сега често и без јадење одеше на спиење целото негово семејство.
И еднаш во налет на едни невреме,неговиот стар чамец се распадна ,рибарот одвај преживеа.Седна да тагува ,размислуваше што да прави ги зеде своите скромни работи од старата куќа ,и со своето семејство тргна низ реката .
Реката ги донесе до големо рибарско село.Колку чамци имаше таму!И големи бродови и мали чамчиња.Срцето на рибарот тажно се радуваше додека ги гледаше!Но неговиот чамец го немаше ,а друг да купи неможеше.
Рибарот седеше на брегот и гледаше во туѓите чамци.
Долго седеше и на средина на тажните мисли почна да приметува:на овој чамец му е потребна поправка,и на оној нема лошо да му дојде,а друг скоро ќе се распадне ако итно не се поправи.....
И рибарот почна да ги поправа чамците,тоа веќе знаеше многу добро да го прави.Затоа што некогаш мораше својот да го поправа,го изучи добро занаетот и иако тоа не го приметуваше стана одличен мајстор!
Неговата работа набргу стана ценета и стана славен во селото:човекот прави чуда,ги поправа чамците- кои стануваат подобри од новите!
Луѓето кај него доаѓаа од далечните краеви.Не помина многу време,а веќе можеше да купи нова куќа,но не рушевина,туку квалитетна со преубава градина.
Парите почнаа да доаѓаат,во семејството веќе никој на гладот не се сеќаваше.Тогаш рибарот се сети на старецот и советот да го потопи чамецот и сфати колку биле мудри тие зборови.
Често се случува човек да се држи до старото до последно,стравот од промената е поголем од вообичаениот терет на тагата.
А промените,од каде и да почнат ,секогаш носат добро.
Особено кога човек е спремен да ги види и прифати.

Comments
Post a Comment
Напиши коментар