Дали некогаш ги забележавте малите деца,невини, недопрени деца, кога им дадете нешто што им се допаѓа, како веднаш ги отворат очите како синото небо, како ги рашируваат рацете и скокаат од радост; исто така и вие ќе направите како децата кога ќе ја почуствувате сладоста на тајното соединување со Христа, кога ќе почуствувате колку е лесно, но и колку е вистинито, тајно да бидеш обединет со Бога.
Кога ќе вкусите, ќе си спомнете за мене.
Срцето ќе ви биде поплавено од чувството на радост и ќе ги извикате зборовите на Свети Симеон Нов Богослов:
Кажете ми суетни луѓе, кои живеете во лаги, дали го знаете оној кој го стави Христа во своето срце, дека нешто друго му треба освен онаа што е на небото и земјата.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар